Инциденти пред мечот во Сплит, српската химна не се слушаше од свирежи во „Спаладиум“ во Сплит… (ВИДЕО)

Жестоко почна големата пресметка меѓу Хрватска и Србија на отворањето на мечевите од Групата А на Европското првенство во Хрватска.

Пред натпреварот кој стартуваше од 20:30 часот во „Спаладиум арена“ во Сплит, хрватските и српските медиуми јавија за инциденти меѓу навивачи од двете страни. Но, по интервенција на полицијата спречени се немири во Сплит, а има и приведен лица.

На самиот натпревар, пак, не издржаа најавита за коректност на дуелот… Веројатно, како што и можеше да се очекува, хрватските навивачи жестоко го исвиркаа интонирањето на српската химна која и не се слушаше во преполната арена.

На паркетот, пак, „коцкастите“ доминираат па водат на полувремето со 14-9.

Се вчитува...