Инзаги ја врати Венеција во Серија Б

Легендарниот напаѓач Филипо Инзаги, кој сега е тренер, успеа да ја внесе Венеција во Серија Б. Тоа е прв трофеј за него во кариерата, откако тимот на Венеција и дефинитивно ќе заврши на првото место и ќе се врати во втората по квалитет италијанска фудбалска лига. Венеција има 12 бода предност на врвот на табелата во Лега Про (група Б) на три кола до крајот.

Венеција денеска ремизираше 1-1 на домашен терен против Фано, што беше доволно за тимот да обезбеди пласман во поквалитетно друштво од следната сезона. Филипо Инзаги тренерската кариера ја почна во Милан, беше предводник на младинците, потоа доби шанса и во во првиот тим, но потоа мораше да си замине.

Се вчитува...