ИОК на 13 руски спортисти им забрани настап на ЗОИ во Пјонгчанг

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на 15 руски олимпијци (13 спортисти и двајца тренери) им забрани настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанџ. Суспендираните руски олимпијци се дел од оние што претходно добија доживотна суспензија од ИОК за учество во систематски допинг, а Меѓународниот суд во Лозана минатата недела ги ослободи од обвинение за допинг. Овие спортисти сепак не ќе можат да настапат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг (9-25 февруари), соопшти денеска ИОК.

Тринаесет спортисти и двајца тренери не добија дозвола од посебното тело на ИОК кое требаше да ги разгледа нивните случаи и тие нема да можат да се натпреваруваат на Игрите што почнуваат во петок во Јужна Кореја.

Меѓу спортистите што ќе ги пропуштат овие Зимски олимписки игри се и двајца олимписки шампиони од ЗОИ 2014 во Сочи – натпреварувачот во скијачко трчање, Александар Легков и Александер Третјаков кој настапува во скелетон.

ИОК претходно повика 169 руски олимпијци кои се сметаат за „чисти“ од допинг, да настапат на Зимските олимписки игри во пјонгчанг како неутрални спортисти.

Се вчитува...