ИОК нареди: Русите без национални обележја и на затворањето на ЗОИ

Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) денеска објави дека руските олимпијци нема да можат да носат свои национални обележја и на церемонијата на затворањето на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. ИОК остана при својата одлука затоа што на ЗОИ во Пјонгчанг се појавија нови руски спортисти кои беа позитивни на допинг. Тоа беа карлинг играчот Александар Крушелнички и членката на бобо двосед за дами, Анастасија Бризгалова.

Спортистите на Русија на церемонијата на затворањето на ЗОИ треба да се појавата и да маршираат под олимпиското знаме, како што тоа го направија и на отворањето. Но, постои можност и да ја бојкотираат церемонијата која започнува во 12 часот по средноевропско време.

Се вчитува...