Ирина Дибирова: Посакуваме финале и титула во ВРХЛ

Како увертира пред настапот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта, ракометарките на Вардар во наредните два дена во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир во регионалната ВРХЛ лига. Вардарки се меѓу главните фаворити за освојување на овој завршен турнир и за титулата во возобновената реагионална лига. Покрај нас, на овој турнир ќе играат уште и Будуќност, Крим и Подравка.„Во името на нашиот клуб сакам да го изразам задоволството што сме домаќини на овој Ф4 турнир во ВРХЛ лигата. Да им посакам добредојде на сите екипи, да се чувствуваат пријатно, и покрај добрите натпревари да уживаат во она што го нуди градот. Сместени се во хотелот што е склоп на нашиот спортски комплекс и ќе може да уживате во сите благодети. Имаме три европски прваци во различни периоди на постоењето на ЛШ, и две екипи се сега на Ф4 турирот во ЛШ. Тоа говори колку е силен Балканот во ракометот. Се надевам дека наредната година оваа лига ќе биде уште посилна. Нашите национални првенства се послаби, не само ние туку и кај другите. Нас овие натпревари ни користат и посебно во овој период пред настап на Ф4 во Будимпешта– изјави претседателот на ЖРК Вардар, Гордана Нацева.Во првото полуфинале, вардарки утре (15.30 ч.) ќе играат со Подравка, а во вториот дуел се сретнуваат Будуќност и Крим (18 ч.). Финалето и мечот за третото место ќе се одиграат во среда.„Оваа регионална лига има свое високо ниво и Подравка свој квалитет. Подравка секогаш беше силен тим, и досега двапати ги победивме во ВРХЛ. Ние сепак без оглед на тие победи одиме напред и сакаме да се пласираме во финалето на Ф4 и да победиме. Важен е и трофејот од оваа ВРХЛ лига и победата, но важно е и како подготовка за Ф4 во Будимпешта – истакна тренерот на вардар, Ирина Дибирова,Влезот на сите натпревари во вторник и  во среда во „Јане Сандански“ ќе биде слободен.Распоред на натпреварите:Вторник, 25 април15,30 ч. Вардар – Подравка18 ч. Будуќност – Крим МеркаторСреда, 26 април15,30 ч.- меч за 3 место18 ч. – финале  

Се вчитува...