Ирска во шок, капитенот на Дери сити почина на 27 години

Фановите на ирскиот клуб Дери сити се соочуваат со шок, откако дознаа дека нивниот капитен Рајан Мекбрајд почина на само 27 години. Причината за смртта засега останува непозната, но фудбалерот бил пронајден во неговата соба вчера во попладневните часови.

Најмногу изненадува што Дери сити играше натпревар против Дрохеда во првенството, каде токму Мекбрајд го предводеше тимот до голема победа. Фанови на Дери сити се собрани пред куќата на капитенот да му оддадат почит, која е блиску до стадионот на нивниот клуб.

Ирските клубови изразуваат сочуство преку социјалните мрежи до семејството и до тимот. За Дери сити ова е нова трагедија откако пред една година на 33 – годишна возраст почина клупската легенда Марк Фарен од тумор на мозокот.

Дери утре треба да игра против Лимерик, но засега останува непознато дали натпреварот ќе се одигра, или ќе се презакаже.

Се вчитува...