Иско е МВП на Суперкупот Скопје 2017!

Стрелецот на вториот погодок за Реал Мадрид во триумфот од 2-1 против Манчестер јунајтед, Иско е прогласен за играч на УЕФА Суперкупот Скопје 2017.

Со едногласна одлука на стручните фудбалски лица кои ги одреди УЕФА, Иско го доби признанието за најдобар фудбалер на Суперкупот.

isko mancester

Иско погоди во 52. минута за водство од 2-0 во тие моменти на „кралевите“. Првиот гол за Реал Мадрид го постигна Кашемиро.

Се вчитува...