Исландскиот чудотворец ја прекина пензијата

Ларс Лагербак долги години е дел од репрезентативниот фудбал како кормилар на Шведска, но искусниот стручњак најголемиот успех го забележа лани, кога како селектор на дебитантот Исланд стигна до четвртфиналето од од ЕВРО 2016. Лагербак по завршувањето на шампионатот ја напушти оваа функција објавувајќи дека ја завршува тренерската кариера, но неколку месеци подоцна Швеѓанецот се премисли и си најде нов ангажман.

Имено, 68-годишниот фудбалски стратег денеска беше промовиран во нов селектор на репрезентацијата Норвешка, потпишувајќи договор на две и пол години со фудбалската федерација на оваа скандинавска држава.

Секој предизвик е добредојден, јас најавив повлекување по заминувањето од Исланд, но никогаш децидно не ја затворив вратата за нов ангажман. Сметам дека Норвешка има талентирана генерација на фудбалери, пред мене е нов возбудлив предизвик“ – изјави Лагербак.

Се вчитува...