Исполнето ветување: Несторовски првиот гол го посвети на Форс Индија

Илија Несторовски уште пред десетина дена најави дека својот следен погодок за Палермо ќе го посвети на Ф-1 тимот на Форс Индија, кој го промовираше новиот болид во боите на сицилијанскиот клуб.

Нестор-гол оттогаш не погоди во Серија А, но затоа беше прецизен вечерва, во дресот на македонскиот национален тим, па не заборави погодокот да го прослави симулирајќи возење на Ф-1 болид.

Ваквата прослава беше пофалена и од страна на неговиот клуб, кој преку официјалниот твитер-профил порача: Гол на Несторовски и … исполнето ветување! Форс Индија Ф1.

Ilija Nestorovski Goal HD – Liechtenstein 0-2… by MixxiTV1

Се вчитува...