Истанбул, Вардар пристигна… „Шукру Сарачоглу“ не е неосвоива тврдина (ФОТО)

Вардаровите фудбалери вечерва го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, каде утре ги очекува историскиот натпревар против Фенербахче за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

Играчите ги одработија последните тактички варијанти пред дуелот со Фенербахче во кој Вардар влегува со предност од 2-0 стекната на првиот натпревар во Скопје.

Сите кои што се дел од Вардаровата експедиција го одработија тренингот, а на утрешниот натпревар стручниот штаб нема да смета на капитенот Бобан Грнчаров кој ќе мора да паузира поради суспензија. Јасно е дека „Шукру Сарачоглу“ не е неосвоива тврдина. Тоа „вардарци“ вечерва го почуствуваа, а утре на терен ќе мора да го потврдат, за радост на комплетната македонска јавност!

vardar na trening vo Istanbul 2

Натпреварот меѓу Фенербахче и Вардар утре на „Шукру Сарачоглу“ почнува од 19:30 часот. Љубителите на фудбалот од Македонија ќе може во живо да го следат низ директен пренос на ТВ Нова.

ФОТО: www.fkvardar.mk

Се вчитува...