Историја за Марин Чилиќ – Прво финале на АО

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со резултат од 3-0 (6-2, 7-6, 6-2) во сетови го совлада Британецот Кајл Едмунд и обезбеди финале на Австралија Опен. Хрватот без поголеми проблеми ја оправда улогата на фаворит во овој дуел и беше доминантен во сите три сетови, и за прв пат во неговата кариера ќе игра едно финале на австралискиот Гренд слем.

Едмунд му создаде проблеми на шестиот најдобар тенисер во светот само во вториот сет, откако одиграа тајбрејк со кој Чилиќ го освои со 7-4. Во првиот и последниот сет Чилиќ славеше рутински со 6-2 и 6-2.

Противникот во финалето ќе го дознае утре, Федерер и Чунг ќе го одиграат вториот полуфинален меч почнувајќи од 09:30 часот.

Се вчитува...