Италија без милост за „лалињата“, Албанија поразена од БиХ

Италија продолжи со серијата добри игри откако „аѕурите“ вечерва славеа на пријателскиот натпревар, на гостински терен против Холандија со 1-2. Избраниците на Вентура не покажаа милост за нокаутираниот холандски состав, кој по отказот на Блинд беше предводен од привремениот селектор Фред Грим, па Италијанците по голема битка сепак успеаја да стигнат до победата.

Холандија дури и прва поведе со автоголот на Ромањоли, но радоста траеше помалку од две минути откако Едер со прецизен удар од работ на шеснаесетникот израмни на 1-1. Конечните 1-2 ги постави Бонучи, кој најдобро се снајде по еден корнер на гостите, а најзаслужен за ваквиот конечен резултат е голманот Донарума, кој во последните десет минути му одбрани два одлични удари на Весли Снајдер.

Romagnoli A. (Own goal) HD – Netherlands 1-0… by Gol-LiveHoland vs Italy – Eder Goal HD – 28.03.2017(720) by PlacarTVGoal Bonucci L. (1:2) Netherlands vs Italy by ylberenexhipi

Од ривалите во нашата група, Албанија претрпе нов пораз, овојпат на пријателскиот натпревар на домашен терен против БиХ (1-2). Џеко со својот 50. гол во репрезентативниот дрес го отвори резултатот во Елбасан, на 0-2 зголеми Лулиќ на асистенција на Кодро, додека конечните 1-2 ги постави Балај, кој со прецизен удар со глава го матираше Беговиќ.

Albania 1-2 Bosnia Herzegovina – All Goals… by Etsu–

Кристијано Роналдо беше во во фокусот на вниманието на дуелот меѓу Португалија и Шведска што се играше во неговиот роден град Мадеира, на кој неговата селекција претрпе неочекуван пораз од 2-3. Токму асот на Реал Мадрид беше стрелец на првиот гол по извонредното додавање на Мартинс. Португалија поведе и со 2-0 со автоголот на Гранквист во првото полувреме, за во вториот дел Швеѓаните да намалат на 2-1 преку Класон. Роналдо беше заменет во 58. минута со Кварезма, а домашните навивачи беа непријатно изненадени откако гостите успеаја да стигнат и до израмнување, со вториот погодок на Класон постигнат во 76. минута. Португалија се обиде да стигне до трет гол, но наместо тоа Шведска направи целосен пресврт откако Кансело со несмасна интервенција во 93. минута си ја затресе сопствената мрежа.

Cristiano Ronaldo Goal HD – Portugal 1-0 Sweden… by Foot_VideosAndreas Granqvist Own Goal HD – Portugal 2-0… by carenaaaViktor Claesson Goal – Portugal 2-1 Sweden… by emmapollardViktor Claesson Goal HD – Portugal 2-2 Sweden… by BayeoCancelo J. (Own goal) HD – Portugal 2-3 Sweden… by PatsaN4ik

Се вчитува...