Италијанецот Ваноли ќе биде нов селектор на Косово

Италијанскиот стратег Родолфо Ваноли ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово. Тој за медиумите во својата земја потврди дека прифатил да седне на клупата на косовската репрезентација и да ја предводи во наредните две години.

„Ја прифатив понудата на федерацијата на Косово, но со одредени услови. Разговарав со одредени играчи и тие ме уверија дека се подготвени да дадат свој максимален придонес за селекцијата да се подигне на едно повисоко ниво“, изјави Ваноли.

Тој е тренер на словенечкиот Заврч, а во кариерата ги има водено и Лугано, Белинцона, Копер и Олимпија.

Се вчитува...