Иван Цветкоски со поддршка од 12 клуба за нов претседател на Атлетската федерација!

Поранешниот директор на ЈП „Билјанини извори“ од Охрид и истакнат спортски работник, Иван Цветкоски е кандидатот на 12 домашни клубови за нов претседател на Атлетската федерација на Македонија.

Атлетските работници незадоволни од досегашната работа на првиот човек на АФМ, Крсте Серафимовски и официјално поднесоа иницијатава со поддршка од 12 клубови за Вонредно собрание на Атлетската федерација на кое ќе се бара разрешување на актуелното раководство на АФМ.

„Согласно Статутот на Атлетската федерација на Македонија ние како членови клубови на АФМ според Член 36 став 3 имаме право да свикаме Вонредно собрание на федерацијата доколку за истото се изјаснат 1/3 од клубовите членови на АФМ. Бидејќи тие услови се исполнети Ви го испраќаме ова барање во најбрз можен рок да свикате Вонредно собрание на АФМ“ – се вели во барањето од клубовите до актуелниот претседател на АФМ, Крсте Серафимовски поднесено на 17. ноември.

Според најавите доколку нема одговор од федерацијата, согласно Статутот во рок од 30 дена од поднесената иницијатива клубовите може да свикаат Вонредно собрание. Иницијаторите во тој случај очекуваат на 16. декември да се одржи Вонредно собрание на кое би се избрал Иван Цветкоски за нов претседател на АФМ.

ИНИЦИЈАТИВАТА НА 12 АТЛЕТСКИ КЛУБОВИ ЗА ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА АФМ…

inicijativa atletikaklubovi atletika

Се вчитува...