Иванишевиќ „влета“ на тренинг кај Ѓоковиќ

Поранешниот шампион на Вимблдон, Горан Иванишевиќ ќе се обиде да го врати Новак Ѓоковиќ во победничка форма. Според најавата од српскиот тенисер, Иванишевиќ најверојатно ќе биде неговиот нов тренер.

„Видете кој ми „влета“ на тренинг!“ – напиша Новак Ѓоковиќ на својот Твитер профил посатвувајќи и кусо видео од тренингот во Рим на кој на теренот е заедно со Горан Иванишевиќ.

Српскиот тенисер неодамна ја прекина долгогодишната соработка со тренерот Марјан Вајда и со остатокот од тренерскиот тим. И додека во јавноста се шпекулаира кој ќе биде новиот тренер на поранешниот прв светски рекет, пораката на Ѓоковиќ изгледа веќе ја разрешува дилемата.

Иванишевиќ моментно е тренер на чешкиот тенисер Томаш Бердих, но „преземањето“ на Новак Ѓоковиќ за Хрватот сигурно е предизвик кој не може да се одбир.

На Мастерс турнирот во Рим, Србинот лани играше во финалето во кое беше поразен од Мареј, а како што најави, годинава ќе се бори за титулата која одново би го вратила во конкуренција за првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ е слободен во првото коло на Мастерсот во Рим, а утре го очекува дуелот со Словенецот со британски пасош Алјаш Бедене.

nole trening

Се вчитува...