Ивановски и Соколовска победници на меморијалниот крос „Методи Веновски – Мето“

Дарио Ивановски во машка и Рената Соколовска во женска конкуренција се победници на традиционалниот меморијален крос „Методи Веновски – Мето“ кој викендов се одржа на кејот на реката Вардар, во чест на македонската атлетска тренерска легенда.

Во конкоуренција на околу 100 атлетичар(к)и, на главната машка трка која се трчаше на 3.000 метри, победи Ивановски убедливо пред Атанас Анчевски и Пепи Анакиев.

kros

Во женска конкуренција, на 2.000 метри, Рената Соколовска победи пред Адријана Поп Арсова и Весна Кираџиева.

kros metodi venovski

Се вчитува...