Ивановски: Сакаме да завршиме на третото место, ќе биде интересно в недела со Вардар

Работнички направи голем чекор напред кон остварување на своите цели оваа сезона со триумфот од 0-2 над Силекс во Кратово. Стрелецот на првиот гол за „романтичарите“, Филип Ивановски, вели дека тимот од Дебар Маало сака да го заокружи шампионатот на третата позиција на табелата. Истовремено, Ивановски најавува и интересно градско дерби, в недела против Вардар.

„Нашата цел е да го задржиме третото место на табелата до крајот на шампионатот и да избориме пласман на меѓународна сцена. Направивме голем чекор напред кон таа цел со победата над Силекс во Кратово. Одигравме навистина квалитетен меч, успевајќи први да ја затресеме противничката мрежа, по што случувањата на теренот се одвиваа во наша корист. Сега треба да се подготвиме за следниот предизвик, дербито со Вардар. Тука мотивите за победа ќе бидат огромни и од двете страни, во тоа воопшто не се сомневам“, изјави Филип Ивановски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...