Ивановски стрелец на „Пољуд“, Хајдук изгуби значајни бодови во трката за Европа

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски е стрелец на единствениот погодок за Славен Белупо во ремито (1-1) на гостувањето против Хајдук на „Пољуд“ во 27. коло од шампионатот на Хрватска.

Ивановски во игра влезе во второто полувреме, и успеа да погоди за израмнување во 72. минута со удар од белата точка. Претходно, Хајдук дојде до предност со голот на Оханџа во 66. минута.

Сплиќани загубија значајни два бода во битката за третата позиција на табелата која носи настап во квалификациите од Лигата на Европа. Хајдук сега има 47 бода, исто колку и третопласираниот Осијек кој има и натпревар помалку.

Мирко Ивановски, пак, го запиша својот седми погодок сезонава во дресот на Славен Белупо.

Се вчитува...