Изненадување: Меси не игра против Јувентус

Барселона ќе биде осетно ослабена на вечерашното гостување против Јувентус откако беше обелоденето дека Лионел Меси нема да биде во стартниот тим на каталонскиот гигант. Аргентинецот вчера тренираше со остатокот од тимот и денеска требаше да ја предводи Барса на жешкиот терен во Торино, па токму затоа огромно е изненадувањето што Меси не се најде во стартниот тим на каталонците.

Најверојатно станува збор за повреда, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на натпреварот.

Ернесто Валверде во отсуство на својот најдобар фудбалер се реши за следните единаесетмина: Тер Штеген, Семедо, Пике, Умтити, Диње, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Паулињо, Деулофеу, Суарез.

На спротивната страна, кај Јувентус поради повреда ќе недостига Кјелини, а „старата дама“ ќе истрча со следниот стартен тим: Буфон, Барѕалји, Ругани, Бенатија, Сандро, Квадрадо, Пјаниќ, Кедира, Дибала, Даглас Коста, Игуаин.

Се вчитува...