Извонредниот Мишановиќ сам го растури „своето“ Куманово (87-69) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
22/08/2017 22:22
Кошарка
22/08/2017 20:10
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31

Извонредниот Мишановиќ сам го растури „своето“ Куманово (87-69)

Извонредниот Мишановиќ сам го растури „своето“ Куманово (87-69)

Кошаркарите на Работнички стигнаа до првата победа во 2. коло од разигрувањето во Суперлигата. Тимот од Градски парк славеше на домашен терен убедливо против Куманово со 87-69 (22-14,19-20,24-16,22-19).

Работнички до победата беше воден на крилјата на Ненад Мишановиќ кој до минатата сезона играше токму во Куманово. Мишановиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 29 поени и 11 скока, дополнети и со две асистенции.

Уште во првата четвртина домашните создадоа предност со која најавија дека мислат единствено на победа. Во продолжението се одржуваше истиот ритам, за во третата четвртина дефинитивно да се направи недостижна предност од 15 поени.

Покрај Мишановиќ, во редовите на Работнички двоцифрени беа и Тасовски со 16 поени, Мираковски со 11 поени и Ефремовски со 10 поени. Во поразениот тим се издвоија Јаневски со 23 поени и Пековиќ со 14 постигнати поени.

Работнички има победа и пораз сега на стартот од Суперлигата, исто како и кумановци кои го запишаа првиот пораз.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.