Јагањац: Мечот со Вардар ќе биде многу тежок, но ние ќе дадеме се од себе

Новото засилување Халил Јагањац вели дека ја донел вистинската одлука што потпишал за Металург. Смета дека овој клуб е токму она што му треба да се надоградува, а мечот со Вардар го гледа како еден исклучително тежок предизвик на отворањето на новата сезона во СЕХА-лигата.

„Мило ми е што сум тука. Сакам да се заблагодарам на Металург што вложи напор да ме доведе тука. Сметам дека ова е голема шанса за мене да напредувам како ракометар. Ќе играме во две силни натпреварувања, па се надевам дека ќе соберам искуство со мојот престој во Скопје. Овој клуб е вистинско место за млад играч како мене да се развива. Натпреварот со Вардар ќе биде тежок, но ние ќе дадеме се од себе за позитивен исход“, истакна Јагањац на денешната прес – конференција.

Се вчитува...