Јаховиќ ги задржа шансите на Гезтепе за елитата и го протна во плејоф

Македонскиот фудбалски интернационалец Адис Јаховиќ беше стрелец на единствениот гол за својот тим Гезтепе на ремито (1-1) против Денизли. Со овој резултат, Гезтепе успеа да го освои петтото место на табелата по регуларниот дел од првенството во Втората лига на Турција и ќе игра плејоф за пласман во елитата.

Јаховиќ стрелаше во 54.минута и му донесе водство на Гезтепе, но десет минути подоцна Ташдемир го израмни резултатот.

Се вчитува...