Јаховиќ со нов гол, на врвот од листата на најдобрите стрелци во Турција

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ запиша нов гол во дресот на Гезтепе во најсилната лига на Турција, но не успеа својот тим да го спаси од пораз.

По четири едноподруго победи, Гезтепе загуби со 1-2 пред своите навивачи од Истанбул Башакшехир, а Јаховиќ беше стрелец на почесниот гол за домашните со удар од белата точка во 90. минута од средбата…

Со овој гол, Јаховиќ веќе има седум гола во Турција, израмнувајќи се на врвот од листата со Сенегалецот Гомис од Галатасарај и Бразилецот Вагнер Лав од Аланија.

Гезтепе по седум кола остана на четвртата позиција со 13 бода, шест помалку од водечкиот Галатасарај.

Се вчитува...