Јаховиќ стрелец, Гезтепе испушти победа во 90. минута…(видео)

Македонскиот офанзивец Адис Јаховиќ повторно стрелаше за Гезтепе во Втората лига на Турција, но неговиот тим овој пат не успеа да стигне до триумфот во 20. коло против Баликесирспор, играјќи 1-1 пред своите навивачи.

Баликесирспор успеа да украде победа за Гезтепе благодарание на голот на Озген во 90. минута. Претходно Адис Јаховиќ погоди во 73. минута од средбата за водство од 1-0.

Goztepe 1-0 Balikesirspor by LiveGoalsTV

Гезтепе пропушти да се пробие на лидерската позиција во Втората лига сега со 36 бода останувајќи на втората позиција, со еден бод помалку од водечкиот Јени Малатијаспор.

Адис Јаховиќ со 13 постигнати гола сезонава сега е на лидерската позиција меѓу најдобрите стрелци во Втората турска лига.

Се вчитува...