Јаховиќ стрелец, Гезтепе поразен

Македонскиот офанзивец Адис Јаховиќ го постигна и десеттиот свој гол сезонава во дресот на Гезтепе во Втората лига на Турција.

Јаховиќ во 17. коло од турската Втора лига стрелаше од пенал за Гезтепе во поразот од 2-4 пред своите навивачи од Денизлиспор. Јаховиќ погоди од белата точка во 70. минута, во тие моменти за водство на Гезтепе од 2-1. Но, сосема неочекувано домашните до крајот на средбата примија три гола за само десет минути, од 80. до 90. минута, за пораз од 2-4.

Адис Јаховиќ во моментов со 10 гола е на делба на третата позиција на листата на најдобрите стрелци во Втората турска лига.

Се вчитува...