Јакобсен: Подобри сме од Македонија, но нема да ја потцениме

Шведските ракометарки не гледаат на фаворитската улога против Македонија како на товар, но сепак се свесни дека во ниту еден момент не смеат да го потценат нашиот национален тим. Првиот натпревар од двомечот во баражот за СП 2017 се игра вечерва (20.30 часот) во СРЦ „Кале“, а капитенот на шведската селекција, Сабина Јакобсен, очекува добра игра и победа на својата репрезентација.

Ние сме една од најдобрите репрезентации, сигурно сме подобри од Македонија, но тоа не значи дека ќе го потцениме денешниот противник. Тие играат дома, ќе се обидат да приредат изненадување, на нас е да ги запреме и веќе на првиот меч да си го обезбедиме местото на СП. Доколку не го сториме тоа, добро е што реваншот ќе го играме пред нашите верни навивачи. Со респект гледаме на Македонките, кои се брзи и индивидуално квалитетни, знаат да бидат опасни преку контранапади“ – истакна Јакобсен во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...