Јамаха го ’скрши мразот’: Промовиран мотоциклот за новата сезона

Јамаха е првиот тим од кралската класа на мотоциклизмот кој ја промовира машината за новата сезона.  Изгледот на мотоциклот е речиси идентичен како и на тој од минатата сеона, само со поинтензивни бои. Валентино Роси уште една година ќе вози со бројот „46“ додека Маверик Вињалес одлучи да го адржи бројот 25 кој минатата сезона го носеше на машината на Сузуки.

Младиот Шпанец засега одлично се снаоѓа во улогата како тимски колега на Роси бележејќи одлични резултати на предсезонските тестирања.

„По тестирањата во Валенсија и во Малезија бев многу среќен бидејќи се чувствував дека со машината сме навистина на иста страна. Целиот тим е премногу вобуден и едвај го чекаме стартот на новата сезона. Денес го промовиравме новиот мотоцикл и би сакал уште денес да можев да го возам. Мотивиран сум и подготвен да дадам сè од себе“ – истакна Вињалес на промоцијата на мотоцикл.

jamaha 2017_ jamaha 2017

Се вчитува...