Јане Николоски со вербален напад на сред терен на судија, па делеше совети „преку жица“ (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Јане Николоски со вербален напад на сред терен на судија, па делеше совети „преку жица“ (ФОТО)

Јане Николоски со вербален напад на сред терен на судија, па делеше совети „преку жица“ (ФОТО)

Тренерот на Хоризонт Турново, Јане Николоски е исклучен од натпреварот на својот тим на гостувањето против Новаци во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига уште во 25. минута по вербален напад на главниот судија Фуркан Идризи од Тетово.

Незадоволен од една одлука на судијата, Николоски се впушти во жестока вербална расправија со Идризи по што по првата опомена потоа доби исклучување.

Jane Nikoloski 3

Jane Nikoloski so sudija 2

Jane Nikoloski so sudija

Интересно, по неговото исклучување турновци запишаа два погодоци преку Марио Крстовски во 35. и во 40. минута, па по првото полувреме имаат предност од 0-2.

Nikoloski deli soveti

А, токму поради исклучувањето, не можејќи за своите фудбалери да дели совети во соблекувалната, Јане Николоски ги собра на влезот на стадионот во Новаци, па „преку жица“ ги советуваше за играта во вториот дел.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.