Јаневски: Дојдов за да освојувам трофеи со Вардар, пак да бидеме шампиони

Македонскиот првак Вардар вечерва го претстави Чедомир Јаневски за нов тренер. Јаневски вели дека му претставува посебна чест да го предводи најдобриот македонски клуб, чии бои ги бранеше во минатото како фудбалер.

„Мило ми е, и ми претставува голема чест што сум тука. Сакам да се заблагодарам на управата на Вардар што ми овозможи да го водам клубот за кој играв во мојата кариера, од тука ја изградив кариерата во странство. Се надевам на успешна работа, како со управата, така и со играчите. Тука сум да го одржам Вардар за шампион, и да помогнам во неговиот развој, како во домашното првенство, така и во европските натпреварувања. Вардар е голем бренд во Македонија и на Балканот, и сите сакаме да градиме нови успеси со овој тим. Верувам дека Вардар може да обезбеди пласман во европските натпреварувања, секоја година е се поблиску до такво нешто. Ќе работиме напорно да ги оствариме целите, а тоа е да освојуваме трофеи, бидејќи за Вардар се друго е неуспех“, истакна Чедомир Јаневски.

Поранешниот македонски селектор потпиша двегодишен договор со Вардар.

Се вчитува...