Јаневски го ‘пронајде’ виновникот за поразот: Катастрофални услови за игра!

По новиот пораз на Вардар, денеска на гостувањето против Прилеп во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига, шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски се жали на условите за игра на стадионот „Могила“.

Јаневски во изјава за официјалната интернет страница на клубот го потенцира теренот како виновник за лошото издание, но потоа го издвојува и фактот дека и неговите фудбалери воопшто не демонстрирале борба на теренот за да дојдат до триумф…

„Ако ја превземав вината со Реал Сосиедад, денеска не можам ништо да превземам. Теренот е терен, условите се тие, можам да кажам катастрофални за македонски фудбал. Тие се условите за двете екипи, и тоа треба да видиме кој решава на вакви терени. Овој терен и овој стадион не е за прволигашки натпревар. Тоа е прво. Второ, кога знаеме дека е така, и доколку играчите знаат дека се вакви условите, и дека не можат да играат на ваков терен, тогаш треба да има дуел барем игра и да создаваме шанси, да го тераме противникот да греши. Денеска го немавме тоа. Го сменивме тимот од оној со Реал Сосиедад, и заморот не треба да биде оправдување. Ова треба да ни биде поука дека и на вакви терени мора да се издигнуваме. Затоа што нема да биде тука ваков, туку на многу гостувања. Плус денеска и многу прекини, многу лежења на противнички играчи. Тоа ни се повторува на сите натпревари, кога ќе излеземе во напад, секогаш има некој играч кој што лежи, и мораш да имаш фер-плеј, а така губиш и време и темпо“ – вели Јаневски за интернет страницата на ФК Вардар.

Се вчитува...