Јаневски: Очигледен е заморот кај играчите, ќе мора наредниот период да ги освежиме

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски истакна задоволство од победата против Шкупи во денешниот натпревар на „Филип Втори“, и покрај очигледниот замор кој постои кај фудбалерите…

„Јас и претходно реков дека европските натпревари нè чинат многу сила, многу енергија. Тоа се виде и на овој натпревар. Во прво полувреме 15-20 минути и во второ во првите минути бевме доминатни. Не искористивме неколку шанси да го отвориме порано резултатот.  Како одминува крајот на натпреварот, заморот е очигледен кај играчите, а од нас нормално се бара победа на секој меч. Ова беа три добри и важни бодови за нас против противник кој што во последните шест меча нема пораз. Еден компактен тим, и можам да кажам дека и на овој меч доста енергија потрошивме за да дојдеме до победата. Ќе мора да ги освежиме играчите и тоа ќе го сториме, и се надевам дека дел од повредените играчи ќе се вратат и ќе имаме голем број на фудбалери за да може да ротираме без да го ослабиме нашиот тим на секој натпревар“ – изјави Јаневски по натпреварот со Шкупи, а пренесува официјалната клупска страница на клубот.

Се вчитува...