Јаневски: Победуваме и губиме како тим, но денеска…

Вардар потешко од очекувањата, со многу мака го скрши отпорот на Ренова, но за актуелниот првак сепак најважни се трите бода и враќањето на победнички патеки по разочарувачкото реми со Скопје пред неколку дена. Тренерот Чедомир Јаневски беше задоволен од конечниот исход, потенцирајќи го карактерот на екипата како главен фактор за да се дојде до посакуваните три бода.

Оваа победа ни е добродојдена за враќање на самодовербата после оној шок што го доживеавме со Зенит во Лигата на Европа, и потоа со Скопје во првенствениот натпревар. Денеска на еден ваков терен не можеше подобро да се одигра, но нема да бараме алиби. Имавме контрола во текот на сите 90. минути, создадовме неколку шанси, но за жал нешто и од наша лоша завршница, придонесе до крајот на натпреварот да работиме и да се бориме за трите бода. Овој триумф го донесе менталитетот и карактерот на екипата. Затоа им честитам на играите, затоа што навистина не беше лесно. Ова се важни три бода кои ни даваат самодоверба и пред дербито во недела со Пелистер во Битола“, рече по натпреварот со Ренова, нашиот тренер Јаневски.

Стратегот на „вардарци“ го потенцираше настапот на младиот Тодороски, кој влезе во игра во второто полувреме и внесе квалитет во таборот на „црвено-црните“.

Ние победуваме и губиме како тим, но денеска би сакал посебно да го истакнам младиот Тодороски кој што одлично влезе во натпреварот беше многу опасен во нападот, а беше одличен во дефанзивата. Не дека Хамбарџумјан одигра послабо, знаевме дека пред натпреварот се жалеше на мала повреда, размислувавме дали да го пуштиме, и во последен момент донесовме одлука да игра. По добивањето на жолтиот картон, имав страв да го заштитам и него и тимот, и тоа беше причината поради што влезе Тодороски кој што уште еднаш ќе кажам прикажа одлична игра денеска“, посочиЈаневски.

Се вчитува...