Јаневски: Покажавме дека оној меч во Скопје беше само лош ден

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски на прес-конференција по поразот од Зенит истакна дека е задоволен од изданието на неговиот тим, и среќен што неговите фудбалери покажале дека онаа игра од првиот меѓусебен меч во Скопје било само лош ден за македонскиот шампион.

„Мислам дека беше убав и интересен натпревар меѓу две екипи кои еднакво покажаа желба да го добијат мечот. Како што реков и вчера, ние за да направиме добар резултат моравме да бидеме добро организирани и да не правиме многу грешки. Нормално беше Зенит да нападне во првите 15 минути. Ние најмногу стравуваме во тие први 15 минути да не примиме гол како што беше тоа случај во Скопје. Сепак, примивме гол во кој мислам дека можевме подобро да реагираме. Пеналот кој беше крајно сомнителен, а потоа нашиот голман го одбрани, ни даде мотив дека можеме да направиме нешто повеќе играчки на мечот. Таа одбрана ни даде сила да играме порелаксирано и подобро. Во второто полувреме игравме подобро, и од тој дел може да бидам задоволен повеќе од фудбалерите. Во одредени моменти во вториот дел бевме поопасни и од Зенит, дадовме на крајот и убав гол. Ако ги компарирам двата натпревари сигурно одигравме многу подобро од оној дуел во Скопје, за кој покажавме сега дека бил само наш лош ден. Кога се ќе се сумира може да бидам задоволен од играта но секако не и од поразот“ – истакна Јаневски на прес-конференцијата по вечерашниот меч во Санкт Петербург.

Се вчитува...