Јаневски: Сакаме да го подобриме впечатокот, првата шанса е утре против Реал Сосиедад

Македонскиот првак Вардар дојде на гости во Сан Себастијан, а тренерот Чедомир Јаневски, согласно резултатот од првиот меч (0-6) нема сила за да му се закани на Реач Сосиедад. Тој, објективно, вели дека ова е дебитантска сезона за Вардар во групната фаза од второто по ранг европско натпреварување, неговите фудбалери се стекнуваат со неопходното искуство и имаат желба да го подобрат досегашниот впечаток, кој секако не е поволен.

„Дојдовме во Шпанија да одиграме многу подобро отколку на првиот меч во Скопје. Јасно ни е дека Реал Сосиедад е фаворит, тие се мошне силен тим, но моите фудбалери сакаат да го подобрат впечатокот од досегашните настапи во Лигата на Европа. Ова е прво искуство за нас во групите од Лигата на Европа, јасно ни е дека не оставивме досега силен впечаток, но имаме голема желба тоа да го сториме во преостанатите три натпревари. Утре против Реал Сосиедад на „Аноета“ ќе ја имаме првата можност“, изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар против шпанскиот тим.

Се вчитува...