Јаневски: Силно посакувам да ги израдуваме „Комитите“ и Македонија!

Стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски на официјалната прес-конференција пред утрешниот дуел со Зенит во Лигата на Европа потенцираше дека целокупниот тим на Вардар гори од желба за позитивно издание.

Свесни се дека ќе биде тежок натпревар, против моќен противник, но со поддршка од „Комитите“ верува дека може Вардар да одигра квалитетен меч.

„Ова е голем, историски момент за сите во македонскиот фудбал. Секако дека сме возбудени од нашето прво учество во Лигата на Европа, не чека тежок старт во групната фаза но подготвени сме за секакво надигрување. Сите во тимот силно посакуваме да ги израдуваме „Комитите“ и Македонија од кои очекуваме поддршка“ – рече Јаневски.

Вардаровиот тренер нагласи дека Русите се добро анализирани…

„Имаа многу квалитетни индивидуалци од Русија и од Аргентина. Детално ги анализиравме, силен противник ќе бидат, но верувам дека со максимален ангажман може да им парираме. Фаворитската улога е за нив, но ништо не се знае“ – истакна Јаневски.

Се вчитува...