Јанц пред Македонија: Ако играме добра одбрана, ќе победиме!

mec baner

Словенија ќе ја има фаворитската улога на утрешниот дуел со Македонија, но сите избраници на Веселин Вујовиќ како и самиот селектор со огромен респект гледаат кон нашата репрезентација. Вујовиќ има поширок ростер на располагање, а најсилна позиција се чини онаа на десно крило, каде покрај Гашпер Маргуч од Веспрем се наоѓа и Блаж Јанц, еден од најдобрите млади ракометари во Европа во моментов. Јанц е свесен дека неговата селекција ќе има тешка задача утре во Мец, а како клучно го потенцира функционирањето на одбраната на Словенија, која мора да биде на највисоко ниво ако се сака да се совлада Македонија.

Македонија е многу незгоден противник, мислам дека со цврста одбрана можеме да го наметнеме својот стил, па потоа преку контранапади да постигнуваме лесни голови. Знаеме се што треба да се знае за Македонија, јасно е дека главната опасност ќе доаѓа од Кире Лазаров, треба добро да се подготвиме. Верувам дека ќе одиграме слично како со Исланд, одбраната да функционира како што треба, бидејќи тоа е главниот фактор што ќе го реши утрешниот натпревар. Имавме еден ден да се одмориме и анализираме, мотивација сигурно нема да ни недостига, ќе сториме се за да стигнеме до победата и да останеме во игра за првото место во групата, воедно и да ги израдуваме навивачите кои дојдоа од нашата татковина и ни даваат огромна поддршка овде во Мец“ – изјави извонредниот млад ракометар, кој следното лето од Целје ќе се пресели во редовите на Кјелце.

Се вчитува...