„Јапонецот“ Бабунски прв на собирот на А-тимот, повикани и Тошевски и Спировски

Давид Бабунски од јапонскиот прволигаш Јокохама Маринос, заедно со „Швајцарците“, Езгијан Алиоски и Никола Ѓорѓев се првите интернационалци кои од денеска се ставаат на располагање на селекторот Игор Ангеловски на подготовките за квалификацискиот натпревар со Лихтештајн кој на 24. март го играме во Вадуц и тест дуелот со Белорусија потоа во Скопје.

На тројцата интернационалци од денеска им се приклучуваат и фудбалерите од домашното првенство, а од утре треба да се приклучува останатите интернационалци водени од Горан Пандев, Илија Несторовски, Иван Тричковски, Александар Трајковски, Даниел Мојсов, Стефан Ристовски…

Како што е познато, за престојните дуели отпаднаа поради повреди членовите на Шкендија, Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи. Двајцата фудбалери на тетовска Шкендија денеска имаа дополнителни лекарски прегледи по кои беше утврдено дека не можат да бидат во комбинација за настап против Лихтенштајн.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски на место на повредените Хасани и Бејтулаи ги повика Стафан Спировски од ФК Вардар и Кристијан Тошевски од ФК Пелистер.

Се вчитува...