Јасир Асани потпиша за Победа!

Раководството на Победа изненади многумина со реализацијата на трансферот на Јасир Асани, оценет како „трансфер-бомба“ во пелагониската фудбалска јавност. Поранешниот вардарец кој последните месеци ги мина во дресот на Шкупи денеска го стави својот потпис на шестмесечниот договор со прилепскиот прволигаш, со можност соработката потоа дополнително да биде продолжена.

Попладнево во клупските простории на Победа првиот човек на клубот д-р Гоце Ингилизов ги финишира преговорите и потпиша 6-месечен договор со 22-годишниот Јасир Асани. Станува збор за играчот на Вардар кој како позајмен минатата пролет ги бранеше боите на Шкупи. Асани е изданок од школата на Вардар каде ги минал сите селекции. Во Првата лига дебитира 2013-та година, а зад себе има 75 прволигашки мечеви и 14 голови. Со успех може да настапува на двете офанзивни странични позиции и несмнено со својот индивидуален квалитет ќе го подигне нивото на играчкиот состав на Победа и ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот“ – објавија од ФК Победа.

Се вчитува...