Јеспер Нодесбо и кажа збогум на Барселона

 Данскиот пикер Јеспер Нодесбо, на крајот на сезоната заминува од Барселона. Данецот ја соопшти својата одлука на официјална прес-конференција на која присуствуваа сите ракометари на Барселона и раководството на каталонскиот клуб. Нодесбо ќе се прости од домашната публика во „Блауграна“ в сабота, на последниот натпревар од АСОБАЛ лигата. А последните настапи во дресот на Барселона ќе му бидат на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Келн и во завршницата од шпанскиот Куп на кралот.

Во изминатите десет години, данскиот репрезентативец има постигнато 819 гола во 247 натпревари за Барселона и има освоено вкупно 38 титули со каталонскиот клуб.

Од следната сезона нема повеќе да бидам во Барселона. Не беше лесно да се донесе оваа одлука, но беше неопходно да го направам тоа. После десет години се враќам во Данска. За мене беше голема привилегија да играм во овој клуб. Овде го живеев својот сон. Играв десет години во Барселона и освоивме се во националните натпреварувања, освоиве титула во Лигата на шампионите, имавме најдобра сезона со сите седум титули. Ретко кој може да го достигне сето ова. Но, секој сон има крај. Па така дојде крај и на најдобрите десет години во мојот живот. Го оставам најдобриот ракометен клуб во светот и многу пријатели. Се чувствувам благодарен што бев дел од овој клуб. Тешко ја донесов оваа одлука, но морав да размислувам и за иднината. Не сум повеќе млад и веќе треба да размислувам за она што доаѓа по ракометот“ – рече 36-годишниот Јеспер Нодесбо во емотивниот проштален говор.

Се вчитува...