Јотовски го освои фјучерсот во Грузија

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го освои фјучерс турнирот во Телави, Грузија, откако по голема борба славеше над Шпанецот Гилјермо Охасо со 2-1 во сетови. Во сите три сета се играше тај-брејк, а Јотовски имаше повеќе сила и подобра концентрација, и успеа да слави во првиот и во третиот, по цели четири часа на теренот.

Јотовски го освои првиот сет, а имаше и неверојатна предност од 5-0 во поени во вториот тај-брејк. Меѓутоа потоа следеше голема серија на Шпанецот Охасо, кој на крајот го доби вториот сет.

Во третиот сет пак Јотовски спасуваше меч – топки и на крајот славеше со 7-4 на поени во третиот тај-брејк.

Овој турнир во Грузија беше со награден фонд од 15.000 американски долари.

Се вчитува...