Јотовски обезбеди полуфинале на фјучерсот во Добој

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски го обезбеди своето прво полуфинале оваа година на еден ИТФ фјучерс.

Јотовски се пласираше во полуфиналето на 15.000 долари вредниот фјучерс во Добој, откако во четвртфиналето убедливо со 6-2,6-2 славеше против првиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора.

Се вчитува...