Јотовски запрен во четвртфиналето во Анталија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија.

Јотовски во четвртфиналната пресметка загуби во два сета, со 6-7,3-6, од квалификантот Лорен Рошет од Франција.

Претходно во игра на двојки македонскиот тенисер, заедно со Украинецот Вадим Алексенко, загубија уште во првото коло.

Се вчитува...