Јоветиќ и Лопез, Монако подобар од Бордо… (видео)

Монако запиша триумф од 2-1 против Бордо во првиот натпревар од 28. коло во најсилната лига во Франција.

Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ и Португалецот Рони Лопез беа стрелци на головите за Монако, во 45. односно 69. минута, откако гостите први поведоа со погодокот на Вада во 32. минута од средбата.


По оваа победа Монако со 60 бода се зацврсти на втората позиција, далеку зад водечкиот ПСЖ кој има 71 бод и натпревар помалку. ПСЖ утре, во рамките на ова коло, од 17 часот гостува на екипата на Троја.

Се вчитува...