Јовиќ: Да нема себичност во играта против Монпелје

[two_third last=”no”]…[/two_third]Тренерот на Металург, Александар Јовиќ, смета дека неговите ракометари мора да ја надминат желбата за самодокажување и целосно да се посветат на колективот. Очајното издание и заслужениот пораз од Чеховски медведи се доволна лекција за „металурзите“ дека не смеат да ги повторат истите грешки на наредниот дуел, неделната пресметка на домашен терен против фаворитот во групата, францускиот прволигаш Монпелје, в недела во 19 часот (СЦ „Борис Трајковски).

„Минатиот викенд покажавме како не треба да се бранат боите на еден клуб. Против себе го имаме Монпелје, тим што нема пораз нит во Франција, ниту во Лигата на шампионите, но наша обврска е да е да покажеме дека заслужуваме да сме членови на Металург. Не смееме да дозволиме егоизам во играта, мораме да бидеме борбени, но и трпеливи во нашите напади. Монпелје е апсолутен фаворит. Тоа не значи дека со борбена и трпелива игра во напад нема да можеме да извлечиме позитивен резултат“ – изјави Јовиќ.

Се вчитува...