Јовиќ: Металург ќе опстои, нема да има „клуч на брава“

Тренерот на Металург, Александар Јовиќ, му ја честиташе заслужената победа на Вардар, а потоа искористи дел од прес-конференцијата за да се осврне на иднината на својот клуб, испраќајќи порака до „душманите“ на „металурзите“.

Сакам да ја искористам оваа можност за да испратам порака до сите оние кои сакаат да го видат Металург на колена, да има „клуч на брава“, тоа нема да се случи. Имаме стабилен спонзор, убедени сме дека ќе се изнајде решение за оваа ситуација за Металург да продолжи да произведува талентирани млади ракометари како и досега“ – изјави Јовиќ.

Што се однесува до самиот натпревар, стратегот на „металурзите“ спортски му честиташе на Вардар не само за денешната победа, туку и за фантастичните резултати во целата 2017 година.

Вардар игра одлично цела година, овој тим е неприкосновен полусезонава, а јас искрено им посакувам да стигнат на Ф4 и во СЕХА и во Лигата на шампионите. Ние се боревме во текот на целиот натпревар и мислам дека моите ракометари заслужуваат само пофални зборови“ – порача Александар Јовиќ.

Се вчитува...