Јовиќ: Повредата на Кузмановски не исфрли од ритам - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Јовиќ: Повредата на Кузмановски не исфрли од ритам

Јовиќ: Повредата на Кузмановски не исфрли од ритам

Металург го загуби дуелот со ППД Загреб (26-32) во рамките на 5.коло . „Металурзи“ беа рамнопревен противник во поголемиот дел од натпреварот, но не издржаа во финишот во кој хрватскиот првак ја направи решавачката предност. Дополнителен хендикеп за Металург беше повредата на капитенот Филип Кузмановски кој се пожали на болки во скочниот зглоб.

„Одигравме добар натпревар во кој пруживме достоен отпор на противник каков што е Загреб. Тие се моментно и подобра и поискусна екипа од нас и заслужено победија. Ние може да бидеме задоволни што добро париравме во одредени периоди од натпреварот и се враќавме од минус три на нерешено. Но, повредата на Кузмановски во првиот дел, за нас беше голем хендикеп. Имаме кратка клупа составена од пионери и тешко беше да се одржи тој ритам“  – изјави по натпреварот Александар Јовиќ кој во отсуство на Лино Червар, го предводеше Металург од клупата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.