Јунајтед лесно го реши Мидслброу… (видео)

Манчестер јунајтед славеше со 1-3 на гостувањето против Мидлсброу во 29. коло од Премиер лигата.

Победникот на дуелот беше решен по 60 минути игра кога „црвените ѓаволи“ дојдоа до предност од 0-2 со головите на Фелаини во 30. минута и Лингард во 62. минута.

Домашните внесоа неизвесност со погодокот на Гестеде во 77. минута, но Валенсија во 93. минута постави конечни 1-3.

by BundesVideo

По оваа победа Јунајтед се искачи на петтата позиција на табелата со 52 бода, сега пред Арсенал кој има 50 бода. На четвртото место е Ливерпул со 58 бода, но „црвените“ имаат и натпревар повеќе.

Се вчитува...