Јунајтед на лето ќе си ја проба среќата за Деле Али, ќе понуди 200 милиони евра

Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед ја продолжуваат трката за шампионската титула во Премиер – лигата со својот градски ривал Манчестер сити, но воедно и планираат мегазасилувања за следната сезона. Една од најголемите желби на клубот од „Олд трафорд“ е англискиот репрезентативец Деле Али. Офанзивниот играч за врска на Тотенхем игра фантастично и оваа сезона, а Мурињо се надева дека би можел да го доведе во својот тим.

Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да издвои 200 милиони евра, за да го ангажира Деле Али по завршувањето на сезоната. Ќе има жестока конкуренција и во Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона.

Се вчитува...