Јунајтед се интересира за Алба

Жозе Мурињо е во потрага по лев бек, откако иднината на Лук Шо останува неизвесна поради борбата со повредите која ја води веќе подолго време. Всушност, португалскиот стратег знае кој играч сака да заигра за неговиот тим, останува само одборот да му ја исполни желбата и да го отвори паричникот.

Жорди Алба е изборот на Мурињо. Шпанецот го загуби местото во стартните единаесет откако Енрике ја смени формацијата. Тактиката на Лучо со три централни бекови во одбраната го натера 28-годишниот шпанец редовно да ја грее клупата. Самиот Алба изјави дека поради тоа е незадоволен и дека не ја исклучува опцијата да најде нов клуб по крајот на оваа сезона.

Репрезентативецот на Шпанија има договор до 2020 година со „каталонците“, а сумата за која Барселона би го пуштила Алба од „Камп Ноу“  е 25 милиони фунти.

Сепак, „црвените ѓаволи“ ќе имаат конкуренција за потписот на Алба, и тоа од градскиот ривал Сити.

Се вчитува...