Јунаковиќ за помалку од два месеци го напушти Охрид

Хрватскиот интернационалец, Мартин Јунаковиќ ги напушти редовите на прволигашот Охрид и се пресели во тимот на Широки брег. 24-годишниот кошаркар „слета“ меѓу „галебите“ кон почетокот на оваа година, но веќе по месец ипол си најде нов ангажман во Босна и Херцеговина.

Јунаковиќ во Охрид дојде од хрватскиот тим Загреб, се покажа како одлично засилување според настапите на мечевите од Првата лига.

Предводникот на Охрид, Петар Чочороски ќе треба да најде негова адекватна замена во следниот период, а доколку не успее во тоа ќе мора да се потпре на играчите кои му се на располагање во ростерот.

Се вчитува...